North Macedonia

North Macedonia flag

Мировен Корпус

За нас

Канцеларијата на Мировен корпус во Северна Македонија е основана во 1996 година, по покана на Владата на Република Северна Македонија. Оттогаш, повеќе од 800 волонтери работеа во училишта, општини, граѓански организации и државни институции за да помогнат во развојот на заедниците низ земјата.

Во процесот на истражување на разни можности за развој на програми, Владини претставници во Северна Македонија и персоналот на Мировниот корпус заеднички донесоа одлука дека образовни проекти насочени кон изучување на англискиот јазик, изучување на интерактивни наставни методи и употребата на нови технологи, ќе ги задоволат барањата за подобрување на изучување на англискиот јазик во земјата. Исто така, ќе се отворат можности за подобрување на капацитетите на локалното образование. Од 1996 година па наваму, волонтерите на Мировен корпус работеа во државни основни и средни училишта, фокусирајќи се најчесто на руралните и маргинализираните заедници.

Во 2005 година, Мировен корпус во Северна Македонија започна со програмата за развој на заедниците со цел да им се помогне на државните институции, месните заедници и невладините организации во градење и развивање на нивните капацитети и имплементирање на одржливи програми и активности.

Најновата соработка помеѓу Мировен корпус и Министерството за труд и социјална политика започна во 2015 година. Мировен корпус ги насочува своите активности кон поддршка на Владата на Северна Македонија во нејзинитие напори за општествена вклученост и деинституционализирање на луѓето со посебни потреби. Волонтерите работат на подобрување на вештините на локалниот персонал преку развивање на програми и активности како со корисниците, така и со нивните родители.
Како признание на значајниот придонес и посветеноста на волонтерите и персоналот, претседателот на Република Северна Македонија му додели на Мировен корпус Медал на заслуги во 2014 година. Мировен корпус во Северна Македонија потпиша Меморандуми за разбирање со Министерството за образование и науки, Министерството за локална самоуправа, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за млади и спорт и со неколку клучни невладини организации.

Аплицирајте за волонтер

Мировен корпус Северна Македонија објавува повик за апликации од невладини организации, училишта и други институции кои се заинтересирани да добијат волонтер. За подетални информации, погледнете го следниов документ

Повик за аплицирање за волонтер на Мировниот корпус на САД 2023 година

Ако вашата организација или група во заедницата е заинтересирана да работи со волонтер на Мировниот корпус во текот на 2023-2025 година:

1. Прочитајте ги информациите во повикот и флаерот за семејство домаќин;
2. Пополнете го формуларот за аплицирање за волонтер за 2023 година;
3. Образецот испратете го по е-пошта на [email protected]

Крајниот рок за поднесување на апликацијат е 19 мај 2023 година.

За дополнителни информации за Мировен корпус и процесот на аплицирање, ве молиме контактирајте со персоналот подолу:

Вјоса Рамадани - регионален менаџер (Западен)
Телефон: 071 366 428
Е-пошта: [email protected]

Драган Маркоски - регионален менаџер (Источен)
Телефон: 070 406 005
Е-пошта: [email protected]

Теута Салји - регионален менаџер (Централен)
Телефон: 070 383 780
Е-пошта: [email protected]

Надица Георгиеваменаџер на програма за англиски јазик и инклузивно образование
Телефон: 070 385 642
Е-пошта: [email protected]

Мирлинда Алемдарменаџер на програмата за развој на заедниците
Телефон: 070 306 049
Е-пошта: [email protected]

Повеќе информации во врска со нашите активности можете да најдете со користење на следните ресурси:

Годишен извештај 2017
Годишен извештај 2018
Годишен извештај 2019
Годишен извештај 2020
Годишен извештај 2021
Годишен извештај 2022
Мировен корпус во Северна Македонија - Преглед 2017
Мировен корпус во Северна Македонија - Преглед 2018
Билтен - Март 2018
Билтен - Јуни 2018
Билтен - Септември 2018