Macedonia

Мировен Корпус

За нас

Канцеларијата на Мировен корпус во Македонија е основана во 1996 година, по покана на Владата на Република Македонија. Оттогаш, 735 волонтери работеа во училишта, општини, граѓански организации и државни институции за да помогнат во развојот на заедниците низ земјата.

Во процесот на истражување на разни можности за развој на програми, Владини претставници во Македонија и персоналот на Мировниот корпус заеднички донесоа одлука дека образовни проекти насочени кон изучување на англискиот јазик, изучување на интерактивни наставни методи и употребата на нови технологи, ќе ги задоволат барањата за подобрување на изучување на англискиот јазик во земјата. Исто така, ќе се отворат можности за подобрување на капацитетите на локалното образование. Од 1996 година па наваму, волонтерите на Мировен корпус работеа во државни основни и средни училишта, фокусирајќи се најчесто на руралните и маргинализираните заедници.

Во 2005 година, Мировен корпус во Македонија започна со програмата за развој на заедниците со цел да им се помогне на државните институции, месните заедници и невладините организации во градење и развивање на нивните капацитети и имплементирање на одржливи програми и активности.

Најновата соработка помеѓу Мировен корпус и Министерството за труд и социјална политика започна во 2015 година. Мировен корпус ги насочува своите активности кон поддршка на Владата на Македонија во нејзинитие напори за општествена вклученост и деинституционализирање на луѓето со посебни потреби. Волонтерите работат на подобрување на вештините на локалниот персонал преку развивање на програми и активности како со корисниците, така и со нивните родители.
Како признание на значајниот придонес и посветеноста на волонтерите и персоналот, претседателот на Република Македонија му додели на Мировен корпус Медал на заслуги во 2014 година. Мировен корпус во Македонија потпиша Меморандуми за разбирање со Министерството за образование и науки, Министерството за локална самоуправа, Министерството за труд и социјална политика, Агенцијата за млади и спорт и со неколку клучни невладини организации.

Во текот на целата година, Мировен корпус во Македонија прифаќа апликации од невладини организации, училишта и други институции кои што се заинтересирани за добивање на волонтер. За повеќе информации, контактирајте нè на [email protected]  за да добиете апликација.

Повеќе информации во врска со нашите активности можете да најдете со користење на следните ресурси:

Годишен извештај
Мировен корпус во Македонија - Преглед
Билтен - Март 2018
Билтен - Јуни 2018
Билтен - Септември 2018